ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар веќе неколку години се насочени кон развивање на стратегија која ќе го помогне семејниот буџет на секое семејство во Општина Центар, ќе ја поттикне локалната економија, а воедно ќе биде корисна и за животната средина.

Дел од оваа стратегија е проектот „И отпадот има вредност!“ кој им овозможува на жителите да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки за што добиваат субвенции од општината и можности за дополнителна заштеда. За таа цел, ЈП ПОЦ и Општина Центар создадоа зелена мрежа од маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и сл. каде со плаќање преку Green Pay картичката ќе може да се купува со попуст.

ЗЕЛЕНА МРЕЖА НА ЛОКАЛИ