
Вендинг машини
ПЛАСТИКОМАТИ
Одржувањето на јавната чистота преку селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општина Центар. Затоа, ЈП ПОЦ и Општина Центар го воведоа светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки со цел да ги мотивираат граѓаните да се вклучат во овој процес и да учествуваат во правилно справување со отпадот.
Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ веќе се пуштени во употреба машините за рециклирање поставени на 25 локации на територија на Општина Центар.
Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар имаат можност да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што добиваат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка и имаат можност да купуваат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, салони за убавина и сл. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 100 локали кои овозможуваат попусти, а заради големиот интерес зелената мрежа секојдневно ќе се проширува.

Упатство за употреба на
ПОВРАТНИТЕ ВЕНДИНГ МАШИНИ
Пред да започнете со внесување на амбалажите, изберете една од наведените опции за идентификување на Вашата Green Pay сметка:
Доближете ја Вашата Green Pay картичка до скенерот; или
Отворете ја ПОЦ мобилната апликација, изберете го полето „Green Pay Card“,
а потоа опцијата „Рециклирај“.
-
- Доколку сте корисник на Android изберете ја опцијата „Вклучи NFC“, а потоа доближете го Вашиот уред до скенерот.
- Доколку сте корисник на iPhone изберете ја опцијата „Плати со код“ и доближете го Вашиот уред до скенерот.
Внесете ги амбалажите за рециклирање (пластика или лименки)
со баркодот нагоре.
По внесување на последната амбалажа почекајте неколку секунди додека заврши трансакцијата.
————————-
За секоја рециклирана амбалажа на Вашата GreenPay картичка
добивате субвенции од Општина Центар:
За амбалажи од 0,25 до 0,75л добивате 0,5 денари
За амбалажи од 1 до 1,75л добивате 1 денар
За амбалажи од 2 до 2,5л добивате 1,5 денари
Попусти во
ЗЕЛЕНА МРЕЖА
Аплицирајте за
GREEN PAY CARD

Надополнување и проверка на
GREEN PAY CARD

Локации на
ПЛАСТИКОМАТИ
1. Дебар Маало – Општина Центар
(пред влезот на општината)
2. Дебар Маало – Апче
(на улицата спроти Апче)
3. Дебар Маало – Кала
(спроти Coffee Factory)
4. Парк – Фонтана
(спроти Костарика)
5. Буњаковец – ПОЦ монтажна гаража
(спроти задната страна на ТЦ Буњаковец)
6. Буњаковец – Вучко
(позади Универзална сала – до Вучко)
7. Буњаковец – Холандска Амбасада
(спроти Холандска амбасада)
8. Буњаковец – Градинка
(кај главниот влез на градинката „13-ти Ноември“)
9. Капиштец – Дилајла
(кај затвореното паркиралиште Дилајла)
10. Капиштец – ул. Народен Фронт
(на аголот кон ТЦ Зебра)
11. Капиштец – Момир
(на аголот спроти Министерство за Економија)
12. Капиштец – ЕПМ
(спроти Државна болница)
13. Водно – Тинекс
(спроти игралиштето за кошарка)
14. Водно – Рамстор
(во близина на комплекс Панорамика)
15. Соборен Храм
(спроти бензинската Макпетрол, кај спортското игралиште)
16. Градски ѕид – Агромеханика
(спроти старата главна пошта, кај поранешно Агромеханика)
17. Дом на градежници
(до куќарката за наплата)
18. Трготекстил
(позади куќарката за наплата)
19. Градски ѕид – Беко
(на шеталиштето кај Малага, до Просветно дело)
20. Аутомакедонија – Зелен пазар
(кај куќарката за наплата)
21. Улица Македонија
(спроти Play Caffe)
22. ГТЦ
(во подрум)
23. Пролет – Олимписки базен
(пред влезот на паркингот од Олимписки базен)
24. Пролет – Калабалак
(позади Олимписки базен, спроти кафеана Калабалак)
25. ул. 50-та Дивизија
(кај игралиштето)