Green Pay картичката е платежна картичка која се издава на сите жители на Општина Центар, врз основа на склучен кориснички Договор за користење на јавно паркиралиште со наплата и издавање на Зелена платежна картичка (Green Pay Card) со период на важност од 2 (две) години.

Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Со оваа картичка жителите на Општина Центар ќе имаат можност да најавуваат гости на паркиралиштата на ЈП ПОЦ, да се вклучат во процесот на рециклирање и да пазарат со попуст во зелената мрежа на локали.

Green Pay Card

НАЈАВА НА ГОСТИ

При прво издавање на секоја Green Pay картичка на секој корисник кој живее во опфат на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар му следуваат 100 бесплатни часа за најава на гостински возила во секторот каде што се наоѓа неговото живеалиште.

Најава на гостински возила се врши електронски преку веб платформата www.poc.mk, мобилната апликација на ЈП ПОЦ или преку контакт центарот на 072 251 251.

На една станбена единица може да се издаде една Green Pay картичка која за најава на гостински патнички моторни возила може да се користи:

  • Во временскиот период од 07.00 часот до 17.00 часот, со ограничување од најмногу 2 (два) часа паркирање во рамки на вклучените 100 часа паркирање и
  • Во временскиот период од 17.00 часот до 07.00 часот, неограничено во рамки на вклучените 100 часа паркирање.

По истекот на промотивниот пакет од 100 бесплатни часа за најава на гости, секое следно купување на гостински пакет чини 300 денари со вклучени 90 часа паркирање.

Надополнување на Green Pay картичката се врши електронски преку веб платформата www.poc.mk или преку мобилната апликација на ЈП ПОЦ.

Green Pay Card

РЕЦИКЛИРАЊЕ

Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар можат да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка.

Сoстојбата на Green Pay картичката може да се провери на greenpay.mk.

Green Pay Card

РЕЦИКЛИРАЊЕ

Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар можат да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка.

Сoстојбата на Green Pay картичката може да се провери на greenpay.mk.

Green Pay Card

КУПУВАЊЕ СО ПОПУСТ ВО ЗЕЛЕНАТА МРЕЖА

Со Green Pay картичката жителите на општина Центар ќе имаат можност да купуваат сo попуст во зелената мрежа на локали која вклучува: маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и сл.

Green Pay картичката нуди можност за трансфер на средства од други платежни картички за пазарење со попуст во зелената мрежа и користење на услугите на ЈП ПОЦ.

Трансферот на средства од други платежни картички се врши на greenpay.mk.

При склучување на договор за Green Pay картичка, корисникот доставува на увид:

  • важечкa лична карта во која како жителство е наведено Општина Центар.

Паричен надоместок за Green Pay картичка: 360МКД
Вкупно со банкарска провизија: 369МКД

Надополнување и проверка на

GREEN PAY CARD

ikona-nadopolnuvanje-01